Утрински Весник
Македонија

Пошумување кај тетовското село Ѓермо за превенција од ерозии и поплави

Пошумување кај тетовското село Ѓермо за превенција од ерозии и поплави

Тетово, 24 февруари 2020 (МИА) – Во атарот на шарпланинското село Ѓермо денеска почна да се врши пошумување на багремови садници како превентивна мерка, но и спречување на појава на ерозија на земјиштето и поплави во овој предел.

-Се работи на посадување на 30 илјади багремови садници на десет хектари. Ние како ЈП „Национални шуми“ излегуваме на пресрет на сите засегнати општини каде има потреба да се изврши пошумување за општо добро. Ова е ерозивно подрачје и ќе работиме се додека не се санира целосно, рече Зоран Георгиев, директор на претпријатието.

Потегот од планинското село Ѓермо па до низинското село Порој близу Тетово е едно од најерозните места со чести поплави.

-Се наоѓаме на ерозивно подрачје на атарот на реката Брза вода која историски секогаш прави проблеми на населнието и во Порој и Ѓермо. Затоа е за поздравување активноста на ЈП „Нациионални шуми“ за работа на овој атар. Се надеваме дека позитивно ќе влијание да се спречат ерозивните процеси и да ги заштити граѓаните на Порој и Ѓермо, рече Хисен Џемаили министер без ресор во Владата.

Тетовската градоначалничкаТеута Арифи истакна дека како Полошки плански регион исто така работат на активности кои ќе придонесат за намалување на ризиците од ерозии и поплави во подрачјето.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава