Утрински Весник
Македонија

„Пошта на Северна Македонија“ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови вработувања

„Пошта на Северна Македонија“ го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови вработувања

Во интерес на вистината, а по изнесените лаги од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, важно е да се нагласи дека не станува за отворање на нови работни места и дополнителни финансиски трошоци на компанијата, бидејќи во моментов овие позиции ги извршуваат лица на кои им истекуваат договорите за вработување, а кои досега беа склучувани на определено работно време, велат од „Пошта на Северна Македонија“ откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе се вработуваат нови 280 луѓе.

„Со цел непречено овозможување на услугите, особено земајќи предвид дека А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ е давател на универзална поштенска услуга во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај, како и дополнителна транспарентност и отвореност, компанијата за овие позиции распишува јавен оглас за работна позиција – пошторазнесувачи, на неопределено работно време, кој е отворен за секој заинтересиран граѓанин“, се вели во демантот.

Ја разбираме потребата на опозицијата, велат од „Пошта на Северна Македонија“, за собирање на дневно-политички поени, но сметаме дека е крајно некоректно на удар на лаги и неточни информации да бидат изложувани поштарите кои несебично, пожртвувано и целосно изложени на ризиците кои со себе ги носи Ковид-19 вирусот, сиве овие месеци чесно ја заработуваат својата егзистенција изложувајќи го на опасност своето и здравјето на нивните најблиски.

„Дополнително, би сакале да ја информираме јавноста дека овој оглас беше првично распишан во текот на месец февруари 2020 година, но не е реализиран, следејќи ги насоките и препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заради почитување на законските прописи, како и избегнување на било какво влијание во рамки на изборниот процес“, се наведува во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори