Утрински Весник
Свет
Img 7972

Поштар во Германија не доставил изборен материјал

Поштар во Германија не доставил изборен материјал
300x250 opst2

Германски поштар, задолжен за местата Боргведел и Штексвиг, не им обезбедил на граѓаните изборен материјал за изборите што ќе се одржат в недела.

Криминалистичката полиција на Шлезвиг го пребарала неговиот стан и нашла стотици неиспорачани известувања за изборите.

Внатрешната истрага на Поштата покажала дека нејзиниот службеник не испратил до граѓаните 650 до 700 известувања за гласањето што ќе се одржи в недела.

Во меѓувреме, изборниот материјал сепак бил проследен до граѓаните, а против поштарот е поведена кривична постапка за повреда на поштенската тајна.

Можете да прочитате

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп