Утрински Весник
Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Почувствувам земјотрес во југозападните делови на Северна Македонија, епицентарот во Албанија

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Земјотрес со епицентар 760 километри јужно од Скопје во Средоземно Море со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван денеска веднаш по полноќ во 00 часот и 43 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван и во нашата држава со интензитет од II -III степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. аа/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Винчини“ ќе се обнови – „Макпрогрес“ ќе ги задржи сите вработени

(фото) Вечерва тешка сообраќајка во населба Аеродром

Претседателката Сиљановска Давкова доби пес Караман кој треба да биде признаен за автохтона македонска раса