Утрински Весник
Македонија

Почнува санацијата на свлечиштето Велес-Градско

Почнува санацијата на свлечиштето Велес-Градско

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – На 17 февруари ќе почне санацијата на свлечиштето и потпорниот ѕид на регионалниот пат Р1102, делница Велес–Градско (транзитен дел низ Велес). Предвидениот рок за извршување на работите е осум месеци, односно до 17.10.2020 година. Инвестициската проценета вредност за санацијата изнесува 62.441.350,74 денари, соопшти денеска Јавното претпријатие за државни патишта.

При изведба на свлечиштето ќе се изврши ископ и санација на веќе пропаднатиот дел од патот со изградба на нов бетонски ѕид. Поставување на нова еластична ограда согласно со европските стандарди и демонтажа на старата ограда. Ќе се извршат земјени, геотехнички и ѕидарски работи на еден дел, односно ќе се изврши целосно торекетирање на околу 5.000,00 м2 со поставување на анкери, поставување на габиони и поставување на заштитни мрежи за да се спречат било какви одрони во иднина.

На крајот ќе биде извршена санација на оштетениот асфалт со гребење и асфалтирање со цел да се комплетира санацијата на свлечиштето.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година