Утрински Весник
Македонија

Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово

Почнува да се гради паркот „Бојмија“ во населбата Острово

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Во населбата Острово, општина Аеродром, почнува изградбата на паркот „Бојмија“, кој ќе претставува модерен урбан хортикултурно уреден простор со високи естетски карактеристики, информираат од општината.

Паркот ќе биде лоциран во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, а ќе се протега на површина од 5.500 квадратни метри.

– Во рамките на овој простор се предвидени пешачки патеки со павер-елементи, детско игралиште, терен за мал фудбал, простор за рекреација со фитнес-справи на отворено, нова урбана опрема, клупи, канти за отпадоци, чешма за пиење вода и фонтана, информираат од општина Аеродром.

Оттаму истакнуваат дека со изградбата на овој парк ќе се збогати зеленилото во општината, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на живеење на жителите од сите генерации. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рe-позиционирање пред локални избори на партиите

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог