Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Почнуваат со работа ТЦ „Глобал“ и зелениот пазар во Струмица

Почнуваат со работа ТЦ „Глобал“ и зелениот пазар во Струмица
Img 7972

Струмица, 13 мај 2020 (МИА) – По два месеци од кога беа затворени, денеска почнуваат со работа Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица и зелениот пазар, кој работи во негов состав, соопштија од ЈПКД „Комуналец“ и сопственици на продавници.

-Делот каде што се продават земјоделските производи е комплетно исчистен и дезинфициран, но сепак продавачите како и потрошувачите се должни да ги почитуваат мерките на Владата, да се однесуват одговорно, заштитувајки го прво сопственото здравје, па здравјето на лугето околу нив, со што ке дадат придонес за борбата против корона вирусот, изјави Зоран Горгиев, директор на струмичкото комунално претпријатие.

Сопствениците на дуќани во Центарот, исто така информираа дека денеска ги отвораат своите продажни објекти со посебни мерки и протоколи за заштита.

Работното време на продавниците и пазарот е од 10 до 18 часот.рт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места