Утрински Весник
Македонија

Почна тестирањето со брзи тестови во Кочани, Кавадарци, Велес, Куманово, Битола и Делчево

Почна тестирањето со брзи тестови во Кочани, Кавадарци, Велес, Куманово, Битола и Делчево

Министерството за здравство информира дека од вчера започна тестирањето со брзи антигенски тестови во Општите болници во Кочани и Кавадарци, како и во Здравствените домови во Велес и Куманово. Денеска, со брзи тестови почнуваат и Здравствените домови во Битола и Делчево, а Центарот за јавно здравје Битола од понеделник, 30 ноември.

Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември беше спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.

„И во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање“, информираат од ова министерство.

Досега, на девет локации во државата, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.

Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот  ковид-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски – брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи