Утрински Весник
Македонија

Почна со теренска работа мобилниот тим на Црвениот крст во Кичево

Почна со теренска работа мобилниот тим на Црвениот крст во Кичево

Кичево, 20 март 2020 (МИА) – Општинска организација на Црвен крст на Република Северна Македонија  во Кичево почна со теренска сервисна услуга на мобилниот тим за набавка на храна, хигиенски средства и лекови за стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и самохраните родители кои не можаат да излезат од дома.

– По отворањето на телефонската линија до денешниот ден, се примени пет повици од страна на стари лица кои живеаат сами и на истите им беше обезбедена соодветната барана услуга за набавка на храна, хигиенски средства и лекови, изјави Бесник Селими од Црвениот крст во Кичево.

Тој посочи дека Црвен крст континуирано дава поддршка за намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид-19.рз/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

(Видео) Огромни колони за излез од Грција

Шест лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие