Утрински Весник
Македонија

Почна седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

Почна седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Со задоцнување од час и половина, почна 135. собраниска седница што беше закажана за 11:00 часот и на која треба да се гласа за Предлог-законот за јавно обвинителство и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители.

Расправата за законот за јавно обвинителство почна во петокот и заврши доцна вечерта, а спикерот Џафери најави дека гласањето ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство. Седницата 135. продолжи вчера во 13 часот со расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. Двата закона, со европско знаменце, се носат по скратена постапка, а за гласање е неопходно двотретинско мнозинство.

Расправата за измените и дополнувањата на Законот за одбрана почна и заврши вчера. Но, на 123. седница, освен оваа точка по која треба да се гласа и за што е потребно двотретинско мнозинство, ставени се и други законски решенија, меѓу кои измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани. мч/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме