Утрински Весник
Македонија

Почна реконструкцијата на ски-лифтовите на Пониква

Почна реконструкцијата на ски-лифтовите на Пониква

Со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка, денеска започна реконструкцијата на ски-лифтовите во зимско-рекреативниот центар Пониква кај Кочани.

Со зафатот ќе се опфатат два ски-лифта, на кои ќе им бидат реконструирани машинските и електричните делови, при што ќе бидат променети влечните јажиња, котвите, а ќе се и изврши ремонт на моторите. Во текот на работите комплетно ќе се замени електрониката и управувачките делови на ски-лифтовите, кои се во вкупната должина од 692 метри.

Тендерот за реконструкција го добија компаниите „Инокс-сервис“ од Кочани и „НАСА КОМ“ од Скопје.

– Постојните ски-лифтови на Пониква се застарени, во мал број, нивната работа е проследена со чести дефекти, што ја оневозможува максимална искористеност на капацитетот на ски-патеките. Спортско-рекреативниот центар „Пониква“ е единствен ски-центар во Источниот плански регион, кој е зацртан во Просторниот план на нашата држава како еден од 34-те зимски туристички центри. Оттука, неговиот развој има регионална димензија и заслужува посветеност – изјави Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Овој проект беше избран како приоритетен на регионалниот форум во Источниот плански регион што се одржаа во февруари 2019 година, со претставници од граѓанскиот, јавниот и бизнис-секторот од сите 11 општини од регионот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното

Пукал на семејна веселба и повредил три лица, приведен маж од кичевско

Меџити ја стартуваше кампањата: „ Делувај сега, за природата !“