Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Почна расчистувањето на кејот околу новиот пешачки мост кај МНТ

Почна расчистувањето на кејот околу новиот пешачки мост кај МНТ
Img 7972

Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар.

„Овој дел од кејот скоро осум години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на Панорамското тркало. Изградбата на мостот е готова, Панорамско тркало нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат“, соопшти Град Скопје.

Од овој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал, а Градот најави дека чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведени двајца криумчари од Скопје – превезувале мигрант од Турција

Левица ја води правната битка против АВМУ: „Сите се прогласуваат за ненадлежни, но правдата ќе ја бараме во Стразбур“

Мајка пријавила физички напад од синвво Битола