Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Почна пријавувањето за „Прв до врв 2021“, прелиминарните виртуелни трки започнуваат денеска

Почна пријавувањето за „Прв до врв 2021“, прелиминарните виртуелни трки започнуваат денеска
Img 7972

Започна раното пријавување за деветтото издание на „Прв до врв Водно 2021“, кое оваа година ќе се одржи на 16 мај.

Новина на ова издание на настанот е категоријата ВИРТУАЛ чии победници ќе се добијат преку 90-дневен виртуелен предизвик кој ќе му претходи на мајскиот настан. Сите пријавени учесници имаат можност во периодот од 11 февруари до 12 мај да учествуваат во овие прелиминарни виртуелни трки во кои секој со своите индивидуални активности на дефинираните патеки на Водно, ќе се рангира во табелата со резултати.

Покрај брзината, на рангирањето влијае и бројот на обиди. Победниците во виртуелните трки ќе бидат прогласени заедно со останатите на 16 мај на врвот на Водно.

Традиционално, на програмата се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим-билдинг трката за компании. Останатите содржини, како пикникот и музичката програма ќе бидат дополнително одредени во согласност со здравствените мерки.

Пријавувањето за трките се одвива преку веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

> Почна пријавувањето за „Прв до врв 2021“, прелиминарните виртуелни трки започнуваат денеска <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг