Утрински Весник
Македонија

Почна онлајн наставата во гевгелиските училишта

Почна онлајн наставата во гевгелиските училишта

Гевгелија, 20 март 2020 (МИА) – До нормализирање на состојбата предизвикана од корона вирусот, сите основни училишта во општина Гевгелија како и гимназијата, денеска почнаа да организираат привремена неформална онлајн едукација на која повика министерот за образование и наука, Арбр Адеми.

Наставниците ќе користат онјалјн линкови за учење, официјални мрежи и други начини на комуникација преку кои на учениците ќе им испраќаат задачи за решавање, лектири за обработка, лекции и теми по сите предмети за кои ќе чекаат поврат од учениците чија што обврска ќе биде редовно да ги следат објавите од наставниците.

До родителите и учениците училиштата упатија порака да продолжат да се интересираат и да ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот,децата да седат дома и да учат по електронки пат, а надвор да излегуваат само ако тоа е неопходно. им/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни

Мицкоски: На листата на Владата за државен обвинител се тројца кандидати, Ленче Ристоска не е меѓу нив

Тошковски: Разбиена мрежа поврзана со транспорт на дрога