Утрински Весник
Македонија

Почна изградбата на мостот меѓу селата Просениково и Сарај

Почна изградбата на мостот меѓу селата Просениково и Сарај

Струмица, 19 јуни 2020 (МИА) – Денеска почна изградбата на мостот на реката Турија меѓу селата Просениково и Сарај, што беше оштетен во поплавите во 2013 година и досега неколку пати беше саниран.

На почетокот на работите присуствуваа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова.

-Овој мост значи многу за поврзување на селото Просениково и останатите наслените места, а покрај тоа има и едно поголемо значење, бидејќи поврзува три општини во регионот-Струмица, Босилово и Василево. Иницијативата потекна од жителите на селото Просениково, кои го мапираа како една од критичните точки во ова населено место, рече градоначалникот Јаневски.

Новиот мост ќе биде долг 25 метри со ширина од метри со две пешачки патеки, а ќе бидат санирани и 200 метри од коловозот по 100 метри од двете страни на мостот.

Средствата во износ од 14,5 милиони денари се обезбедени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Бирото за регионален развој и од Општина Струмица, а изградбата на мостот ќе трае шест месеци. рт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина