Утрински Весник
Македонија

Почна изградбата на локалниот пат кон село Голема Црцорија, Кривопаланечко

Крива Паланка, 20 февруари 2020 (МИА) – Започна реализација на проект за асфалтирање на патот кон селото Голема Црцорија во Крива Паланка, којшто се финансира преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој што спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Ќе бидат асфалтирани 2,5 километри пат, инвестиција во вредност од 20.597.460  денари.
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, изврши увид во градежните работи за почнување на градбата на патот заедно со претставници од надлежните служби од општината.
– Изградбата на локалниот пат во село Голема Црцорија, делница од асфалт маала Рупје, до маала Баратлици е со тенденција во наредниот период за поврзување со граничниот премин кон Голеш, Србија. Во наредниот период  ќе биде означен и почетокот на изградба на локалниот патен правец во село Трново во должина од 500 метри, кој е продолжение на кракот што води кон старото училиште, каде денес функционира туристички сместувачки капацитет, информира службата за комуникација со јавност при општина Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека со овие проекти продолжуваат заложбите на општината за инвестирање во инфраструктура во руралните средини и подобрување на условите и квалитетот на живот на локалното население во овие средини.
– Подобрувањето на патната инфраструктура значи олеснување на процесот на враќање на младите и формирање на  семејни заедници и семејни бизниси, развој на  земјоделското стопанство, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, оформување овошни насади, развој на алтернативен туризам и развој на дополнителни услужни дејности, велат од општината.ид/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава