Утрински Весник
Македонија

Почна изградбата на кружни текови на булеварот „8 Септември“

Почна изградбата на кружни текови на булеварот „8 Септември“

Почнаа градежните работи на кружните сообраќајни решенија на крстосниците на булеварот „8 Септември“ со улицата „Скупи“ и на клучката на булеварот „8 Септември“ со булеварот „Никола Карев“.

„Денеска сме тука за да го поздравиме стартот на работите на модерни сообраќајни решенија за две исклучително важни клучки во зоната Момин Поток. Едното решение е кружниот тек на булеварот „8 Септември“ со улицата „Скупи“ и второто кај клучката на булеварот „8 Септември“ со булеварот „Никола Карев“ со екстензија кон булеварот „Словенија“ и со делницата на идното автопатно решение во делот на индустриската зона „Визбегово““, рече премиерот, Зоран Заев.

Според него, кога ќе бидат завршени овие две сообраќајни решенија кои опфаќаат и два моста на реката Серава и дополнителни коловозни ленти и крстосници, ќе се обезбеди лесен и со ништо непопречуван проток на преку 25.000 автомобили дневно колку што изнесува фреквенцијата на овие булевари.

Со овие зафати, додаде Заев, ќе се осигура поефикасно меѓуопштинско поврзување на Општините Центар, Чаир, Карпош и Бутел.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон