Утрински Весник
Македонија

Почна акцијата за делење маски на граѓаните на Берово

Почна акцијата за делење маски на граѓаните на Берово

Берово, 31 март 2020 (МИА) – Почна акцијата за делење бесплатни заштитни маски на граѓаните во Берово. Маските, како што информираат од општината, ќе им бидат доставени на граѓаните со сметките за комунални услугуи кои ќе ги дистрибуираат екипи на Јавното комунално претпијатие „Услуга“.

-Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, Општина Берово во соработка со ЈПКР „Услуга” и неколку приватни фирми од градот кои работат во текстилната индустрија, денеска ја започнаа акцијата за бесплатно донирање на заштитни маски за секое домаќинство. Од денеска, во текот на наредните неколку денови, вкупно 6.000 маски ќе бидат поделени заедно со сметката за комунални услуги, при што секое домаќинство во Берово и населените места, ќе добие по две заштитни маски, информираа надлежните.

Од општината апелираа до граѓаните да ги користат маските согласно препораките на епидемолошките служби и да ги почитуваат мерките на Владата за заштита и превенција.

Во организација на општината и Кризниот штаб за справување со ширењето на коронавирусот синоќа беше извршена дезинфекција на сите улици во Берово. Претходно на јавниот простор во градот извршена е и дезинфекција на урбаната опрема со што беа опфатени клупи за седење, корпи за отпадоци и детски реквизити. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Медитерански влажен бран ни носи нови дождови и снегови во Македонија

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија