Утрински Весник
Економија

Почитувајте ги мерките, инспекциските служби интензивно со сите капацитети на терен

Почитувајте ги мерките, инспекциските служби интензивно со сите капацитети на терен

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Инспекциските служби интензивно работат на терен за да се обезбеди почитувањеето на мерките донесени од Владата за спречување на ширење на коронавирусот и најавуваат дека интензивно ќе бидат на терен со сите свои капацитети.

Ова го соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на прес-конференција во Владата, која информира за спроведените контроли во изминатите три дена и констатираните неправилности од страна на инспекторите од Државнот санитарен и здравствен инспекторат, Агенција за лекови и медицински средства, Државен инспекторат за труд, Државен инспекторат за транспорт.

Таа рече дека од 16 до 18 март извршени се 79 надзори и контатирано е дека јавните превозници кај кои е извршена контрола го одржуваат нивото на хигиена согласно обврските која им била доделена.

На скопскиот аеродром, додека беше отворен, и на граничните премини констатирано е дека сите патнци пополнуваат изјава со која се обврзуваат дека ќе бидат во самоизолација, аздравствените инспктори им издаваат решение во случајза непочитување на наредбата следуваат соодветни казни.

Отстапување е забележано кај деловните субјекти за транспорт и промет со храна во делот на овие лица да носат заштитна опрема, односно ракавици и заштитни маски. Од таа причина, како што рече, од денеска интензивно се вклучени инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) извршила 17 инспектициски надзори при што е констатрано зголемени цени во аптеките што се должат на набавната зголемена цена и  согласно тоа  МАЛМЕД изготви препорака до Владата да утврди максимална цена за раквици, маски и средства за дезинфекција која не смее да се надмине во прометот на големо и мало.

Филиповска-Грашкоска на прес-конфернцијата информира дека од оперативни сознанија на инспекциите забележано е зголемување на цена и кај големопродажни субјеки, што не се веледрогерии, но добавуваат стока кон аптеките, за што МАЛМЕД ги спродулува информациите до ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат, како што рече таа, од 16 до 18 март има извршено 8.200 надзори и дека тоа продолжува со истата динамика, односно се проверуваат нешто помалку од 3.000 правни субјекти дневно.

– Констатирано е дека нема зголемување на цените во маркетите и дека најголем дел од правните субјекти ги почитуваат мерките во однос на забрана за работа или во однос на времето на работење, истакна Филиповска-Грашкоска, додавајќи дека има спроадично случаи на непочитување, односно во овие три дена затворени се 14 угостителски објекти, од кои шест во Скопје, три во Тетово, по два во Битола и во Гостивар и еден во Куманово

Претседателката на Инспекцискиот совет појасни дека станува збор за објекти што биле отворени за гости и покрај мерките донесени од Владата.

Таа соопшти дека е побарано да се ограничи работата на деловните објекти, односно угостителски објекти кои продаваат преку штанд, онлјан или телефонски до 20 часот.

Кај меѓуопштинскиот сообраќај инспекторатот забележал намалување за 70 до 80 отсто и дека се уште самите превозници го редуцираат, а меѓународниот е во целосен прекин, но оти ќе се продолжи со проверки за да не се дозволи непочитување на мерките.

За три дена се направени 573 контроли при што се донесени 31 акт, односно пет решенија и 21 укажувањена деловни субјекти во однос на препораката за ослободување од работа на вработени согласно донесенитемерки од Владата.

Инспекциите продолжуваат со интензивна работа на терен со максимално искористување на своите капацитети, со цел целосно почитување и спроведување на мерките. Секој кој нема да се придржува до мерките ќе биде санкциониран. Мерките се донесени во интерес на сите нас, за заштита на јавното здавје и заштита на сите граѓани поради што мора да се почитуваат, истакна претседателката на  Инспекцискиот совет и повика на одговорност од сите правни субјекти и сите граѓани

На прес-конференцијата беа пристуни и Стојко Пауновски, директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова, директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза  од Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини директор на  Државен инспекторат за транспорт и Зоран Атанасов директор на Агенција за храна и ветринарство.

Одоварајќи на новинарски прашања околу непочитувањето на владините препораки за заштита од коронавирусот на работниците во фабрииките, директорот на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Хавзиу изјави дека нивни инспектори посетили повеќе производни капацитети ширум земјава и на раководствата им е укажано дека мора да ги почотуваат мерките, кои вклучуваат набавка на заштитна опрема за вработените и одржување на пропишаното растојание меѓу нив во текот на производството.

Тој посочи дека досега е откриено непочитување на препораките само во една фабрика во Кичево, каде на работодавачите им е издадено решени за постапување според утврдените мерки и според најновите негови сознанија, од денеска веќе почнале со нивна примена

– Имаме дежурни инспектори и по еден административец во секоја подрачна единици на ДИТ и се молат граѓаните и им се укажува, да пријавуваат, бидејќи ние не може цело време се да надгледуваме, изјави Хавзиу, додавајќи дека по добиената пријава од граѓаните, инспекторите веднаш ќе реагираат.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова одговарајќи на новинарско прашање околу издавањето на дозволи на превозниците, рече дека ДСЗИ веќе трет ги издава овие дозволи и дека проблемот со нивно издавање ќе биде надминат многу брзо.

– Дозволите ги издава ДСЗИ веќе трет ден. Превозниците ги добиваат преку МАКАМТРАНС или други нивни асоцијации кои ги изработуваат и го носат на потпис и понатамошна контрола во ДСЗИ. ДЗСИ работи во три смени. Застојот ќе биде многу брзо надминат, рече Сотирова, заблагодарувајќи им при тоа на министерствата за внатрешни работи и за здравство за обезбедената логистичка поддршка. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По Божик ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави Мицкоски

Економски форум „Трка до дното“ – Транспарентност на државната помош за привлекување и поддршка на инвестиции во Западен Балкан

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост