Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Почина холивудскиот режисер Ричард Донер

Почина холивудскиот режисер Ричард Донер
Dik 300x250 mk

Ричард Донер, режисерот на „Супермен“, „Гуниси“ и „Смртоносно оружје“, почина во понеделникот на 91-годишна возраст.

Веста ја потврди неговата сопруга, филмски продуцент Лорен Шулер Донер, во изјава за „Дедлајн“.

Неговиот прв пробив се случи со филмот The Omen („Пророштво“) во 1976 година, а подоцна ги продуцираше Free Willy („Ослободете го Вили“) и The Lost Boys („Изгубените момчиња“).

Стивен Спилберг, кој ја напиша приказната врз која се базира „Гуниси“, за „Варајети“ изјави дека Донер бил надарен за многу жанрови.

„Да се биде во неговиот круг беше слично на дружење со вашиот омилен тренер, најпаметен професор, најжесток мотиватор, најсакан пријател, најсилен сојузник и – се разбира – најголемиот Гуни од сите,“ рече Спилберг.

“Тој беше дете. Големо срце. Не можам да поверувам дека го нема. Неговото срдечно смеење ќе остане со мене засекогаш,“ додаде режисерот.

Можете да прочитате

Овие три хороскопски знаци никогаш не бегаат од проблемите

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!