Утрински Весник
Свет

Почина српскиот патријарх Иринеј

Почина српскиот патријарх Иринеј

Почина патријархот на Српската православна црква Иринеј. Според спрските медиуми, здравствената состојба на патријархот се влошила вчера. Тој беше тестиран позитивен на коронавирусот на 4 ноември, а веќе следниот ден беше хоспитализиран.

Патријархот вчера беше во исклучително тешка состојба и беше поврзан со уредите за одржување на работата на виталните органи. Српската православна црква во четвртокот на својата веб-страница објави дека состојбата на патријархот на Српската православна црква е влошена и дека покрај другите, за неговото здравје се грижат и руски лекари.

Досега имаше неколку информации во врска со здравствената состојба на патријархот, една од нив беше дека неговата состојба е влошена, а потоа, беше објавена информација дека неговата состојба се стабилизирала. Сепак, ситуацијата се променила, паднало нивото на кислород во крвта на патријархот, по што неговата состојба се влошила.

Српскиот патријарх имаше 90 години.

Иринеј заврши во болница четири дена откако го предводеше погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие (83) во Црна Гора. Амфилохие почина на 30 октомври како последица на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години