Утрински Весник
Магазин

Почина Робин Паркинсон, актерот од култната серија „Ало, Ало!“

Dik 300x250 mk

Британскиот актер Робин Паркинсон, најпознат по улогата на Леклер во култната хумористична серија „Ало, Ало!“, почина на 92-годишна возраст.

Паркинсон беше добро познато лице на англиската комедија во седумдесттите и осумдесеттите години на минатиот век. Тој глумеше и во комедите The Young Ones, Dad’s Army, The Two Ronnies и други.

Во соопштението објавено во име на неговото семејство се наведува: „Робин Паркинсон, актер познат по ‘Allo!’ Allo! и како глас од детската серија Button Moon, почина мирно на 92-годишна возраст. Покрај него беа сопругата и ќерките.“

Неговата кариера траеше повеќе од четири децении во филмот, театарот и телевизијата, вклучително и бројни ТВ-серии – Girls About Town, The Many Wives Of Patrick, The Young Ones и Rising Damp.

Фановите ќе го паметат по улогата на Ернест Леклер и познатата реплика: It is I, Leclerc!

Можете да прочитате

Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење