Утрински Весник
Магазин

Почина реге басистот Роби Шекспир, основачот на „Слај и Роби“

Почина реге басистот Роби Шекспир, основачот на „Слај и Роби“

Влијателниот реге уметник од Јамајка, Роби Шекспир, едната половина од дуото „Слај и Роби“, почина на 68-годишна возраст во Флорида, каде неодамна беше во болница поради операција на бубрег, пренесе Jamaica Gleaner.

Плодниот бас гитарист и музички продуцент е заслужен за револуција во звукот на реге и денсхол музиката.

Министерката за култура на Јамајка, Оливија Грејнџ, ја објави неговата смрт и рече дека Шекспир бил еден од најголемите музичари во земјата.

„Слај и Роби свирењето бас гитара и тапани го подигнаа на највисоко ниво бидејќи создаваа музика за себе како група, и за многу други уметници на локално и на меѓународно ниво,“ наведе таа во изјавата.

Во текот на својата кариера која траеше речиси 50 години, Шекспир соработуваше со низа уметници како Мадона, Боб Дилан, „Но даубт“ No Doubt, Питер Тош, „Ролинг Стоунс“ и Грејс Џонс

Можете да прочитате

Ран знак за рак на белите дробови: Што откриваат врвовите на прстите

Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика го старее срцето побрзо и од пушењето

Ал Пачино за непријатното искуство на сет: „Тоа ме погоди длабоко“