Утрински Весник
Свет

Почина поранешниот филипински претседател Фидел Рамос

Поранешниот филипински претседател Фидел Рамос, кој ја водеше земјата низ редок период на филипински мир и напредок, почина денеска на 94-годишна возраст, објавија високи претставници.

dobivaj vesti na viber

Тој беше претседател на земјата од 1992 до 1998 година.

„Со голема тага дознавме за смртта на поранешниот филипински претседател Фидел В. Рамос”, рече Трикси Круз-Анџелес, портпаролка на сегашниот претседател Фердинанд Маркос Јуниор, син на починатиот филипински диктатор, кој стапи на должност минатиот месец.

„Рамос зад себе остави живописно наследство. Историјата ќе го памети по неговото учество во големите промени во нашата земја, како воен офицер и врховен командант на воените сили”, додаде таа.

Се очекува семејството на Рамос подоцна во текот на денот да објави соопштение за неговата смрт.

Делегацијата на Европската унија на Филипините изрази сочувство, опишувајќи го Рамос како „посветен државник” кој „бил столб на демократијата”.

Можете да прочитате

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел

Џонсон: Воената операција против Иран ќе биде брзо завршена