Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Почина поранешниот тренер на Јута, Џери Слоун

Почина поранешниот тренер на Јута, Џери Слоун
Img 7972

Солт Лејк Сити, 22 мај 2020 (МИА) – На 79 години почина поранешниот тренер на Јута џез, Џери Слоун. Оваа тажна вест денес ја објавија медиумите во САД.

Во 2016 година, на реномираниот тренер му беше дијагностицирана Паркинсонова болест и деменција.

Слоун беше еден од најуспешните тренери во кошарката. Тој ги предводеше „џезерите“ 23 сезони (1988-2011), двапати го водеше тимот до финалето во НБА (1997, 1998). Под водство на Слоун, Јута забележа 1.223 победи.

Како играч, Слоау двапати стана учесник во НБА-ол-стар натпревар (1967, 1969).

Во 2009 година, Џери Слоун беше примен во кошаркарската „Куќа на славните“. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН