Утрински Весник
Свет

Почина помладиот брат на Доналд Трамп

Помладиот брат на Трамп итно пренесен во болница во Њујорк

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека неговиот помлад брат Роберт Трамп починал во саботата навечер, ден откако претседателот го посетил во болницата во Њујорк.

„Со тешко срце изјавувам дека мојот прекрасен брат Роберт мирно замина вечерва. Тој не беше само мој брат, туку и мој најдобар пријател. Многу ќе ми недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Спомените за него засекогаш ќе живеат во моето срце. Роберт, те сакам. Почивај во мир“, напиша Трамп во изјавата.

Роберт Трамп, кој имаше 71 година и беше три години помлад од претседателот, работел како градежен изведувач.

Причината за неговата смрт не е утврдена. Трамп во петокот пред новинарите изјави дека неговиот брат „минува низ тежок период“ поради непозната болест.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп изјави дека сака трајно да ја запре миграцијата од посиромашните земји во САД

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки