Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Почина пејачот Џони Неш

Почина пејачот Џони Неш
Img 7972

Американскиот пејач текстописец Џони Неш, познат по безвременскиот реге хит I Can See Clearly Now (Сега можам да видам јасно) почина на 80-годишна возраст, неговиот син Џон Неш Трети потврди за порталот „ТМЗ“.

„Тој беше прекрасен татко и семеен човек. Ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостасува многу. Семејството за него беше сè”, изјави тој за „ТМЗ“.

Хитот I Can See Clearly Now беше издаден во 1972 година и се задржа на врвот на Билборд Хот 100 листата на најпопуларни синглови во САД четири недели.

Нема официјални информации за причината за смртта на Џони. „ТМЗ“ објави дека починал од природна смрт во својот дом во вторникот, 6 октомври.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект