Утрински Весник
Магазин

Почина Невена Кочовска, вокалистката на групата „Мањифико”

Dik 300x250 mk

 

dobivaj vesti na viber

На 81-годишна возраст денес во Скопје почина Невена Кочовска, музичката дива и вокалистката во групата ,,Мањифико”.

Невена долги години боледуваше од Алцхајмер.

Таа е мајка на популарните пејачки Тања и Лидија Кочовски.

Повозрасните генерации ќе ја паметат како вистинска дама, кралица и дива која ја обележа естрадната сцена со своето грациозно пеење.

Со „Мањифико“ настапувала на сите континенти и објавила голем број грамофонски плочи, кои се продадени во златен тираж. Повозрасните генерации ја паметат Невена и нејзиниот сопруг Панче како дел од легендарниот ,,Мањифико”, кој беше познат по обработките на латино-американските хитови, но и староградски македонски песни.

Имаа гостувања во многу земји, снимија голем број на албуми, а нивните изданија се продаваа во сребрен или златен тираж. Ансамблот имаше кариера која траеше цели три децении, се до 1990 година.

Можете да прочитате

Најразгалените деца се раѓаат само во овие хороскопски знаци

Мармалад од тиква и јаболка

Денеска се празнува Светиот маченик Нестор