Утрински Весник
Свет

Почина најблискиот соработник на Асад

Почина најблискиот соработник на Асад

Еден од главните дипломати во Сирија, Валид ал-Моалем (79), долгогодишен министер за надворешни работи и десна рака на претседателот Башар ал-Асад, почина денеска. Министерството не соопшти детали за неговата смрт, но Ал-Моалем страдаше од срцеви проблеми неколку години, објави Ројтерс.

Извор близок до сириската влада додава дека ќе го замени неговиот заменик Фајсал Мекдад. Ал-Моалем беше назначен за министер за надворешни работи во 2006 година и беше заменик-премиер, истакнат дипломат од Сирија.Тој беше специјален пратеник во Обединетите нации и учесник во мировните разговори со Израел во 90-тите години на минатиот век.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Германија ќе се плаќа за да се добие совет во продавница

„НАСА ја испраќа ‘Артемис II’: Прв лет со екипаж околу Месечината по 50 години“

Тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија