Утрински Весник
Магазин

Почина Монти Норман, автор на музиката на филмовите за Џејмс Бонд

Британскиот композитор и текстописец Монти Норман, чии дела ја вклучуваат оригиналната музичка тема во филмовите за агентот Џејмс Бонд, почина на 94-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговата смрт ја потврди семејство.

Дете на латвиски имигранти, Норман порасна во источниот дел на Лондон, каде што неговата мајка му ја купи првата гитара на 16-годишна возраст.

Тој продолжи да компонира за емисиите на „Вест енд“ како Expresso Bongo и Irma La Douce, пред да премине на филм.

Неговата Бонд-тема, нарачана за „Доктор Но“ од 1962 година, се користеше во целиот серијал.

Продуцентот на Бонд, Каби Броколи, побарал од Норман да компонира музика за првиот филм, бидејќи бил импресиониран од неговото сценско музичко Си-ви.

За главната тема, композиторот ја избриша прашината од една од неговите претходни композиции – Bad Sign Good Sign – и ја прекомпонира имајќи го на ум префинетиот агент 007.

Откако го префрли главниот риф од ситар на електрична гитара, Норман знаеше дека ја доловил суштината на 007.

„Неговата сексуалност, неговата мистерија, неговата немилосрдност – сето тоа е тука во неколку ноти,“ се сеќаваше тој подоцна.

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил