Утрински Весник
Спорт

Почина легендата на Ипсвич и на англискиот фудбал – Пол Маринер

Почина легендата на Ипсвич и на англискиот фудбал – Пол Маринер

Легендарниот фудбалер на Ипсвич и на англискиот фудбал, Пол Маринер ја загуби долгогодишната битка со тумор на мозокот.

„Погодени сме од веста дека нашата легенда Пол Маринер почина во 68. година. Мислите на сите во клубот се со неговото семејство и со пријателите“ се наведува во соопштението од Ипсвич.

Маринер во кариерата 35 пати го носеше дресот на „Гордиот Албион“, а постигна 13 гола. Беше една од најголемите легенди на Ипсвич, каде помина поголем дел од кариерата.

Ипсвич во 1981 година го освои Купот на УЕФА, 3 сезони претходно го подигна пехарот во ФА Купот, а двапати беше вицешампион во Англија во конкуренција на Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест кои тие години освоија дури 7 титули шампион на Европа.

> Почина легендата на Ипсвич и на англискиот фудбал – Пол Маринер <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина