Утрински Весник
Спорт

Почина легендарниот Џеки Чарлтон

Почина легендарниот Џеки Чарлтон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Легендата на светскиот фудбал, поранешниот играл на Лидс Јунајтед, Џон Чарлтон починал на 10 јули на 85 годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Џон во Англија беше познат под прекарот Џеки е брат на сер Боби Чарлтон. Џеки беше член на златната генерација на Англија која во 1966 година ја освои титулата на Светското првенство. Настапил и на Европското првенство во 1968 и на Светското првенство во Мексико две години подоцна.

За „Гордиот Албион“ настапил на 35 натпревари, постигнал шест голови.

Чеки Чарлтон целата своја кариера ја минал во Лидс Јунајтед, одиграл 629 натпревар, постигнал 70 голови. Подоцна работел како тренер во Мидлзброу, Шефилд Венздеј и Њукасл, а од 1986 до 1996 година бил селектор на Република ирска.

Со Лидс Јунајтед бил шампион на Англија. Од 2005 година е член на „Куќата на славните“ во Англија.

Семејството објави дека Џеки Черлтон починал во сон.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици