Бостон селтикс потврдија дека нивниот легендарен кошаркар и тренер, Кеј Си Џонс починал на Божиќ на 88 години.
Џонс освои две НЦАА колеџ титули со Универзитетот на Сан Франциско (каде што играше со Бил Расел), пред да биде избран во втората рунда од драфтот во 1956 година од Селтикс. Со Бостон, тој освои 11 од своите 12 НБА титули – осум како кошаркар, еден како помошник тренер и два како тренер, со што е само вториот Афроамериканец со повеќе од една титула како тренер покрај Расел.
Џонс беше тренер на славниот тим на Селтикс предводен од Лери Брд во 1986 година, и имаше 8-0 скор во НБА финалињата како кошаркар. Покрај тоа, тој освои и злато со САД на Олимпијадата во 1956 година.
The Celtics family mourns the loss of twelve-time NBA champion, two-time NCAA champion, Gold medal-winning Olympian and Hall of Famer, K.C. Jones, as we celebrate his remarkable career and life.
Full statement: https://t.co/rPoO80yZFd pic.twitter.com/QxwcpjI0rj
— Boston Celtics (@celtics) December 25, 2020
> Почина Кеј Си Џонс, легендарниот играч и тренер на Селтикс <