Утрински Весник
Свет

Почина Дајана Риг, ѕвезда од серијата „Игра на тронови“

Почина Дајана Риг, ѕвезда од серијата „Игра на тронови“

Дајана Риг, англиската актерка позната по своите улоги во „Игра на тронови“ и „Одмаздници“, почина од рак на 82-годишна возраст.

„Мојата сакана мајка почина утрово, опкружена со своето семејство. Во март и беше дијагностициран рак, а последните месеци уживаше во обичен живот и беше опкружена со љубов”, напиша ќерката на актерката.

Риг се прослави со улогата на Ема Пил во шпионската ТВ серија на Би-Би-Си, „Одмаздници“.

Во 1969 година, таа ја играше девојката на Бонд, Трејси ди Виченцо, во филмот „Во тајната служба на нејзиното височество“.

Јавност ја памети последно како Лејди Олена Тајрел во хит-серијата „Игра на тронови“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп