Утрински Весник
Спорт

Почина Бразилскиот Хулк: со години си вшприцуваше масло во мускулите

Познатиот бодибилдер Валдир Сегато, попознат како Бразилецот Хулк, почина шест години откога првично бил предупреден да не се вшприцува масло во мускулите, пишува британскиот таблоид „Дејли стар“. Валдир Сегата бил предупреден од лекарите дека неговиот начин на живеење може да има сериозни компликации врз неговото здравје, но тој одлучил да продолжи да си вшприцува „синтол“ во своите мускули за да изгледаат поголеми.

dobivaj vesti na viber

Тој успеа да достигне 1,6 милион следбеници на „Тик-ток“, а неофицијално се тврди дека починал од срцев удар на својот 55. роденден. Сегато неколкупати бил предупреден дека поради вшприцувањето масло може да заврши да ги загуби рацете, но и дека со секој третман се зголемуваат шансите за посериозна болест.

Познато е дека несаканите ефекти на „синтолот“ се повеќекратни и може да предизвикаат срцев удар, белодробна масна емболија, оклузија на пулмоналната артерија, миокарден инфаркт, мозочен удар и инфективни компликации. Но, тој не се  грижеше за тоа.

„Постојано ме викаат Хулк, Шварценегер и Хи-мен и тоа ми се допаѓа. Ги удвоив бицепсите, но сепак сакам да бидам поголем“, изјави тој во 2016 година во едно интервју.

Неговиот профил на „Инстаграм“ се викал „Валдир Синтол“, но бразилските медиуми пишуваат дека и покрај тоа што го следеле милиони, тој не бил човек гладен за внимание.

Тие тврдат дека живеел во стан изграден на задната страна од куќата на еден познајник со име Мојсес да Консеисао да Силва. Мојсес рекол дека на денот на смртта Сегато побарал помош од мајка му бидејќи имал проблеми со дишењето. Во интервју за бразилски „Глобо“ тој ги откри деталите.

„Беше околу 6 часот наутро. Тој ползеше низ задниот дел од куќата и дојде напред. Потоа тропна на прозорецот на мајка ми, тропаше, тропаше, таа се разбуди и го слушна како вели „помогни ми, помогни ми, те молам, умирам. Не било можно да се спаси и покрај тоа што веднаш бил префрлен со возило на итната медицинска помош. Го ставиле во автомобилот, а потоа соседот отишол со него во итната медицинска помош. Стигна таму со него, колабира на рецепција, имаше срцев удар“, изјави Мојсес.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина