Утрински Весник
Македонија

Почината жена пронајдена во водите на реката Бошава

Во полициската канцеларија во Демир Капија вчера претпладне било пријавено дека на местото викано Новиот мост, на брегот кај вливот на река Бошава во река Вардар било пронајдено починато женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Љ.А. (74) од Демир Капија.

На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

СДСМ: Јавниот обвинител мора да биде независен 

ДКСК: Нема судир на интереси кај директорот на СОЗР Ивица Томовски и „Сити аутсорсинг“

Полицијата му сигнализирала да застане, тој побегнал – откриени мигранти во возилото