Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Починатата трудница одбивала да биде хоспитализирана во оддел со суспектни на Ковид-19

Починатата трудница одбивала да биде хоспитализирана во оддел со суспектни на Ковид-19
Img 7972

22-годишната трудница која пред два дена почина во ГОБ „8 Септември“ од копликации од коронавирусот, одбивала да биде хоспитализирана, бидејќи имала негативен тест за Ковид-19, а протоколите налагале таа да биде сместена во оддел каде лежат суспектни трудници.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, појасни дека независно од ковид-тестовите, пациентките со симптоми се третираат како суспектни и се сместуваат во посебен оддел.

„22 годишната трудница е дојдена во Клиника утрото на 23-ти по трет пат, инаку на 22 ноќта доаѓала двапати и одбивала да биде хоспитализирана, иако ѝ било објаснето и на неа и на семејството, дека го става во ризик и бебето и самата себе“, рече Јовановска.

Пациентката тогаш примила инфузија, се потпишала и заминала од Клиниката. Трудницата имала нерегулиран дијабет и проблеми со тироидната жлезда, а ова ѝ била прва бременост.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Паднаа двајца дилери, во автомобилот имале кокаин, вага и пари

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал

Мицковски: Ако Филипче го чувал идентитетот, тогаш зошто денеска се потребни црвени линии?