Утрински Весник
Свет

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Светската банка одобри 12 милијарди долари за земјите во развој за набавка на вакцини

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер кој учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Станува збор за истражување за вакцината произведена од „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд.

Универзитетот во Сао Паоло, кој помага да се координираат клиничките испитувања во третата фаза во Бразил, соопшти дека станува збор за бразилски државјанин.

Според медиумите, сè уште не е познато дали волонтерот примил вакцина или плацебо.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германскиот парламент одобри побрза набавка на оружје

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Русија протера британски дипломат поради шпионажа