Утрински Весник
Македонија

ПОЦ: Минатата недела санкционирани 132 непрописно паркирани возила

ПОЦ: Минатата недела санкционирани 132 непрописно паркирани возила

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје минатата недела санкционирале 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 25 мај до 31 мај 2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 65 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП ПОЦ.

Оттаму посочуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на Општина Центар. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ

Нема да се зголеми цената на лебот, најавува ССК

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите