Утрински Весник
Македонија

Поттикнување на претприемничкиот дух меѓу гевгелиските гимназијалци

Поттикнување на претприемничкиот дух меѓу гевгелиските гимназијалци

Гевгелија,13 февруари 2020 (МИА) – Во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија денеска се одржа првата дисиминација на проектот „Стартап бизнис за млади претприемници и обука за туризам и угостителтво“ на која учениците од економско правната, трговската и туристичко угостителската струка со присутните гости, родители и претставници од локалната самоуправа ги споделија стекнатите знаења и вештини од обуките во Ирска и Шпанија.

Во рамки на програмата „Еразмус + “ на Националната агенција за европски програми и мобилност, средното училиште од Гевгелија, во соработка со партнер организациите од Ирска и Шпанија, успешно ги реализираше активностите од проектот кои опфатија двонеделна мобилност на 20 ученици од економско правната и трговската струка во Даблин и двонеделна мобилност на 25 ученици од туристичко угостителската струка во Гран Канарија.

Целта на практичните обуки во Ирска и Шпанија беше учениците да се фокусираат на поттикнување на претприемничкиот дух, да научат да го применат бизнис моделот Лин Канвас како алатка за генерирање на бизнис идејата и да ја разберат улогата на технолошките аспекти при развивање на маркетинг стратегија,нагласија од гевгелиската гимназија.

Оттаму потенцираа дека преку работилниците, учениците научиле да креираат маркетинг и е-бизнис стратегија врз основа на методологијата на Лин Канвас со цел да одговорат на потребите на потрошувачите. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор