Утрински Весник
Економија

Потрошувачи се жалат на гриз со молци, „Сончева долина“ бара мостра за да се утврди одговорноста

Потрошувачи се жалат на гриз со молци, „Сончева долина“ бара мостра за да се утврди одговорноста

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – На социјалните мрежи, родители синоќа објавија фотографија од мелен гриз за деца, производ на „Сончева долина“, во кој, иако неотворен, има молци. Велат дека ова не е прв случај.

МИА се јави во „Сончева долина“. Компанијата тврди дека нејзините производи се исправни и дека за да се утврди причината во конкретната ситуација, мора да се земе примерок од мелениот гриз, посочен и со фотографија на фејсбук.

Според Маја Цветанова, маркетинг менаџер во „Мак прогрес“, исправни се и мострите од линијата производи во кои спаѓа и мелениот ориз со молците.

„Сончева долина“ веднаш ги исконтактирала потрошувачите кои го напишале постот со гризот за да се утврди, како што нагласува Цветанова, каде и чија е одговорноста.

-Тоа беше пост од синоќа. Веднаш и пишав на членката на фб-групата дали ќе може да ни го даде примерокот од оризот за да видиме дали е проблемот произлезен од нас или од непрописно чување во маркетот, но, никако не успеавме да стапиме во контакт со неа. Понекогаш вакви рекламации се случуваат поради непрописно чување на производите во маркет. Мострите од таа линија производи што се чуваат кај нас во одделението за конторла на квалитет, се исправни. Затоа и ни треба примерокот, да се види лот бројот, ќесето – дали е можеби скинато, да се види фискалната сметка. Мора целосно да го истражиме случајот за да се утврди вината, рече Цветанова за МИА.

Во секој случај, додаде, реакцијата на потрошувачите е добра за компанијата зашто на тој начин може да се следат производите.

-Не можам да прифатам одговорност ако го немаме примерокот. Агенцијата за храна и ветеринарство  може слодобно да дојде кај нас. Ние сме етаблирана компанија која работи од 1996 година, по сите светски стандарди. Нашите производи минуваат низ сите контроли и сертификациски постапки. Не е дозволено да се случи ништо. Ако е наша вина, ќе ја преземеме одговорноста, напомена Цветанова.

Таа испрати и фотографија на која се гледа, како што наведува, дека е исправна мострата со датумот на производот, објавен на фб.

Директорот на АХВ, Зоран Атанасов, за МИА изјави дека веднаш ќе бидат испратени инспектори да го истражат случајот.

-Ќе испратиме инспектори да ја проверат и констатираат состојбата на лице место, нагласува Атанасов.

Како што велат за МИА други потрошувачи, не е прв пат да се случи во производ на „Сончева долина“ кој не е отворен, да се најдат молци. Некои од нив се обичниот бел и интергалниот ориз. мч/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија