Утрински Весник
Свет

Потпретседателката на украинската влада: Ситуацијата во Мариупол е катастрофална

Потпретседателката на украинската влада: Ситуацијата во Мариупол е катастрофална
Dik 300x250 mk

Украинските власти не успеаја да ги евакуираат цивилите од градот Мариупол во јужна Украина, изјави Ирина Верешчук, потпретседателка на украинската влада, опишувајќи ја хуманитарната ситуација во опколениот град како катастрофална.

„Хуманитарните коридори од Мариупол кои ги нуди Русија и кои водат до руска или белоруска територија се неприфатливи“, рече таа на брифингот со новинарите.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, претходно изјави дека руските сили гранатирале патишта за евакуација на цивили од опколениот Мариупол, велејќи дека договорот е прекршен.

„Мора да се зајакне притисокот врз Русија за да ги исполни своите обврски“, изјави Олег Николенко, портпарол на украинското Министерство за надворешни работи.

Претходно денеска, новинската агенција ТАСС го објави соопштението на рускиот меѓуресорски координативен штаб за хуманитарна помош за Украина, во кој било наведено дека има повеќе од два милиони луѓе кои од Русија барале евакуација.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека бебе починало од дехидрација во Мариупол.

„Во Мариупол, прв пат по една деценија, прв пат по нацистичката инвазија, бебе умре од дехидрација. Слушајте ме денес, драги партнери. Од дехидрација“.

Тој исто така тврди дека Русија изгубила авиони во Украина во изминатите 13 дена, колку што не изгубила во последните 30 години.

„Русија не изгуби толку авиони во последните 30 години колку во овие 13 дена во Украина“, рече украинскиот претседател.

Можете да прочитате

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

Потона брод со мигранти меѓу Малезија и Тајланд, стотици се водат како исчезнати

Одбележани 36 години од падот на Берлинскиот ѕид