Утрински Весник
Македонија

Потпишување на декларација за безбедност на децата во сообраќајот

Dik 300x250 mk

По повод 60 години од постоење на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП) на 12 мај во Скопје се одржа Стручен собир под мотото „Безбедни деца – безбедна иднина“.

Во рамките на оваа манифестација потпишана е Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот.

Потписници на декларацијата со која секое министерство се обврзува да се грижи за зголемување на безбедноста на децата, се официјалните лица: министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Со свои презентации се појавија и гости од регионот: Милија Радовиќ, АБСРС – Република Српска, Диана Русинова, ЕЗТП – Република Бугарија, Синан Алиспахиќ , ХАК – Република Хрватска, како и Снежана Ристеска од АСУЦ, Македонија.

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената