Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), Државниот завод за превенција на детското престапништво (ДЗПДП) и Комората за медијатори на Република Северна Македонија денеска потпишаа, меморандум за соработка со кој ја потврдија заедничката заложба за развојот и унапредувањето на медијацијата во системот на правдата за децата, соопштија од АСЈО.
– Со меморандумот ќе бидат опфатени активности со кои ќе се подигне свеста за прифаќање на медијацијата и нејзината примена во случаите на децата кои се во судир со законот и согласно Законот за правда на децата. За успешна реализација на овие активности ќе биде применет мултидисциплинарен пристап, информираат од АСЈО.
Првите луѓе на институциите – потписници директората на АСЈО, Наташа Габер Дамјановска, претседателот на ДЗПДП, Гордана Лажетиќ и претседателот на Комората за медијатори, Славе Младеновски согласно Меморандумот се обврзаа да обезбедат континуирана, заемна поддршка за реализацијата на сите активности кои ќе се остваруваат преку: имплементација на стратешки документи и годишни програми, поддршка на законски решенија за задолжителен обид за медијација во системот на правдата за децата, организрање и спроведување специјализирани обуки за медијатори со право на стекнување на сертификати, организирање на заеднички семинари, траклезни маси и дурги едукативни настани поврзани со медијацијата во системот на правдата за децата со учество на претставници од правосудните органи, експерти и медијатори од државата, од регионот и пошироко, студиски посети и т.н.
Придобивките од примената на медијацијата се многу големи, но во нашата држава, посебно, во судските постапки во кои се вклучени деца скоро и да не се применуваат, сметаат од АСЈО. оџ/са/