Утрински Весник
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка за првиот Регионален план за унапредување со шумите во Малешевијата

Потпишан Меморандум за соработка за првиот Регионален план за унапредување со шумите во Малешевијата

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Претставниците на општина Берово, општина Пехчево и ЈП „Национални Шуми“ во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негревого потпишаа Меморандумот за соработка за спроведување на пилот Регионалниот план за унапредување со шумите (РПУШ) во Малешевскиот регион со Акциски план 2020 – 2025.

Со овој Меморандум, како што соопшти „Македонски шуми“, се дефинира соработката меѓу трите страни за реализација на мерките предвидени во РПУШ во Малешевскиот регион.

-Ова е прв регионален план кој се изработува за одреден микро регион во нашата држава со партиципативен пристап на сите клучни чинители и земајќи ги предвид различните функции на шумата. Подготвен е во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем и е усвоен како стратешки документ за шумите на општина Берово и општина Пехчево. Со РПУШ се воспоставува основа за одржливо управување со шумите и шумското земјиште во регионот. Овој план за Малешевскиот регион претставува водич со кој се утврдува идната насока за одржливото управување со шумите и шумските предели во регионот, врз основа на трите столбови на одржливото управување со шумите, односно економска вредност на шумите, биодиверзитетот (зачувување на природата) и социо-економските вредности, стои во соопштението.

Потписниците на Меморандумот за соработка истакнаа дека подготовката на еден ваков сеопфатен план за унапредување на шумите ќе придонесе кон главната цел – да се поддржи локалното население во одржливиот развој, користејќи ги вредностите на шумите, а во исто време да биде во сооднос со севкупните трендови во шумарството на европско ниво кои вклучуваат просторно планирање и управување со пределот, согласно Пан-европските критериуми и индикатори.

Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево) со Акциски план 2020-2025 беше усвоен како стратешки план на 33 седница на Советот на општина Берово одржана на 13.05.2020 како и од Советот на општина Пехчево на својата 29 седница одржана на 5.05.2020 година. мч/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации