Утрински Весник
Македонија

Потпишан колективен договор со членовите на УПОЗ во Општина Аеродром

Потпишан колективен договор со членовите на УПОЗ во Општина Аеродром
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска потпиша колективен договор со претседателот на Синдикалната организација – Аеродром, Славе Еленовски, и со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓаните на Република Северна Македонија – УПОЗ, Пецо Грујовски.

Од овој договор корист ќе имаат вработените во Општината, кои се членови на УПОЗ.

„Се залагаме за еднаков и праведен третман на сите работници, како и за подобрување на условите во кои работат тие. Почитувањето на работничките права е императив за сите нас“, изјави градоначалникот Марин.

Со колективниот договор, кој е потпишан врз основа на претходно потпишаниот договор меѓу Владата и УПОЗ, се регулираат правата и обврските на двете страни, се утврдуваат критериумите за годишен одмор, платени и неплатени отсуства, платите, надоместоците на плати и други примања, додаток на плата.

Исто така, овој договор го регулира и правото за службени патувања, регресот за годишен одмор, правата за јубилејни награди, информирањето на вработените, а се пропишани и условите за слободно дејствување и условите за работење на синдикалната организација на општината.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!