Утрински Весник
Македонија

Потпишан Договорот за финансиска поддршка за набавка на современи тезги за беровскиот пазар

Потпишан Договорот за финансиска поддршка за набавка на современи тезги за беровскиот пазар

Берово, 11 јуни 2020 (МИА) – Со инвестиција вредна 3,6 милион иденари градскиот пазар во Берово ќе добие современи тезги.

-Проектот е продолжување на активностите за изградба на покриен зелен пазар, во кој со втората фаза, ќе бидат набавени современи, модерни тезги за продажба на производи на беровскиот пазар. Околу 50 проценти од инвестицијата се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, додека останатите 50 проценти од Буџетот на општина Берово, рече градоначалникот Звонко Пекевски кој го потпиша Договорот за финансиска поддршка за набавка на современи тезги за беровскиот пазар.

Конечно, рече Пекевски, се реализира она што долго време беше најавено.

Инвестицијата е дел од мерката Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи како дел од подмерката Инвестиции во пазарната инфраструктура за постбербени активности. вс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Левица: Октопод во ДКСК – архивата алатка за прикривање на предмети од ДПМНЕ

Дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите, прашуваат од СДСМ