Утрински Весник
Македонија

Потпишани 10 нови договори за грант со општините за пружање услуги на стари лица и лица со попреченост

Потпишани 10 нови договори за грант со општините за пружање услуги на стари лица и лица со попреченост

Општините Чучер Сандево, Бутел, Јегуновце, Теарце, Желино, Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица се новите локални самоуправи кои потпишаа 10 нови договори за грант за развој на социјалните услуги со Министерството за труд и социјална политика. Со нив, тие се обврзуваат на давање услуги на старите лица и на лицата со попреченост, а со помош на ангажирање на невработени граѓани, соопштија од ова министерство.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека со новите 10, вкупно 17 општини имаат потпишано договори за грант за развој на социјални услуги, а до крајот на годината ќе бидат потпишани уште 7, со што вкупната бројка на грантови предвидена за оваа година е 24.

„Со потпишувањето на договорите, општините имаат обврска во рок од пет месеци преку општинските координатори и едукација на даватели на услуги да овозможат пружање на социјални услуги во домовите на стари лица и на лица со попреченост, како и поддршка на старите лица и лицата со попреченост во Дневните центри“, информираше министерката Шахпаска.

Таа посочи дека ова претставува исчекор и во еден друг правец, намалување на невработеноста, бидејќи се дава можност за ангажирање на граѓаните во нивната локална средина преку вклучување во овие сервиси и даватели на услуги и обезбедување на пристоен надоместок.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации