Утрински Весник
Свет

Потона брод со мигранти кај Турција, се трага по околу 60 луѓе

Потона брод со мигранти кај Турција, се трага по околу 60 луѓе

На брод кој потона во езерото Ван во источна Турција имало меѓу 55 и 60 мигранти, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу и додал дека досега се извлечени шест тела.

Сојлу рекол дека во тек е истрага. Во потрагата по исчезнатите учествуваат хеликоптери и чамци.

Несреќата се случила на 27 јуни, кога поради силно невреме бродот се превртел и потонал.

Телевизијата „Хабертурк“ пренесе дека мигрантите најверојатно се од Пакистан, Авганистан и Иран.

Езерото Ван во истоимената турска провинција се наоѓа во близина на границата со Иран и преку неа мигрантите обично преминуваат во Турција. Освен мигранти од Иран, преку ова езеро преминуваат и мигранти од Авганистан и други земји.

Текстот Потона брод со мигранти кај Турција, се трага по околу 60 луѓе е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk