Утрински Весник
Македонија

Потврден 21 нов случај со Ковид 19, вкупно дијагностицирани 1.999, оздравени 17 пациенти

Нови 22 случаи со Ковид-19, оздравени 50 пациенти, двајца починати

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Институтот за јавно здравје денеска регистрира 17 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19. Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата, како што се посочува, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 725, активни 204
•       Куманово – 436, активни 35
•       Дебар – 51,
•       Штип-41, активни 6
•       Прилеп –210, активни 46
•       Тетово – 177, активни 82
•       Струга – 75, активни 8
•       Велес – 127, активни 41
•       Битола –28, активни 7
•       Охрид –23, активни 8
•       Кавадарци – 5,
•       Гостивар –21, активни 3
•       Гевгелија – 4,
•       Струмица – 3, активни 1
•       Крива Паланка- 6,
•       Радовиш – 4,
•       Крушево – 3,
•       Кочани – 31,
•       Пробиштип – 2,
•       Кичево – 2,
•       Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1,
•       Македонски Брод – 2,
•       Пехчево- 3,
•       Делчево-1,
•       Валандово -1,
•       Виница – 3, активни 1
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1,
•       Свети Николе-1, активни 1

Направени се 258 теста и тоа преку: ИЈЗ –193, Биотек -57, Систина со PCR метода -1  и МАНУ -7.  Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 54 пациенти од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се тројца пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се шест пациенти, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи